Услови и правила на користење

Почитувани корисници,
Ве молиме пред да ги користите нашите услуги, внимателно да ги прочитате следните услови. Секоја нарачка направена на нашиот официјален веб сајт Gema Trend www.gematrend.mk значи дека сте ги прочитале овие услови и во целост се согласувате со нив. Доколку условите за вас се неприфатливи, ве молиме не го користете овој веб сајт.

Gema Trend (gematrend.mk) ги има авторските права на сите содржини. Секое користење на било кој дел од веб сајтот без дозвола на сопственикот ќе се смета за повреда на авторските права и ќе подлежи на тужба. Gema Trend (gematrend.mk) може да ги промени овие услови во било кое време. Повремено, посетувајте го овој веб сајт за да ги прегледате актуелните услови кои се обврзувачки за Вас. Забрането е било какви незаконски, заканувачки, навредливи и други материјали да се праќаат до и од оваа локација.

Цените на сите производи се изразени во денари.

Gema Trend (gematrend.mk) го задржува правото за промена на цените, во согласност со политиката на компанијата, без известување на корисниците. Корекција на цена нема да биде извршена ако нарачката е прифатена. Купувачот е обврзан да ја плати цената која е понудена во моментот на извршување на нарачката, независно ако цената биде променета во меѓувреме.

Исто така, забрането e користење на веб сајтот за која било цел што е незаконска. Односно не е дозволено да регистрирате трети страни (на пр. Кориснички профили) на веб сајтот, да вршите нарачки без нивно знаење и изразена согласност.

Откако успешно ќе се регистрирате, автоматски ќе добиете емаил со известување дека вашиот корисничко профил е успешно регистриран и поставен. Вашиот емаил во исто време ќе биде и вашето корисничко име за вашиот кориснички профил. За време на процесот на регистрација од вас ќе биде побарано да изберете и да поставите соодветна лозинка. Откако ќе се најавите на вашиот кориснички профил, можете да ја промените лозинката доколку сакате. Мора да ги чувате доверливо вашето корисничко име и лозинка, односно не треба да бидат достпани за секого. Вие ќе бидете одговорни за каква било злоупотреба на вашиот кориснички профил.

Сите информации што ги внесувате при регистрација на Кориснички профил и при вршење на Нарачка мора да бидат валидни и вистините со цел да има успешна соработка на продавач купувач.

Gema Trend може да го блокира вашиот пристап до веб сајтот www.gematrend.mk во секое време, поради прекршувањата на Условите на користење, злоупотреба и испраќање на несоодветна содржина.