Политика на приватност
Нашата официјална веб адреса е следанва: www.gematrend.mk

ПОДАТОЦИ КОИ ГИ ОБРАБОТУВАМЕ

Сите лични податоци како што се име, презиме, емаил адреса, адреса на живеење, адреса за достава на производ, телефонски број за контакт кои Вие доброволно ни ги доставувате сте согласни да ги обработуваме за цели на креирање на кориснички профил на веб сајтот gematrend.mk, при правење на електронска нарачка на производи, при достава и останати услуги на Gema Trend. Податоци кои не се лични, а се собираат при посета на веб сајтот gematrend.mk се користат во обработка за аналитички и маркетинг цели и се исклучиво за потребите на подобрување на корисничкото искуство на нашиот веб сајт.

ПОЛИТИКА ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

Gema Trend (gematrend.mk) се обврзува да ја заштити приватноста на личните податоци на купувачот од веб сајтот www.gematrend.mk и потврдува дека со нив ќе постапува во согласност со Законот за заштита на личните податоци и други позитивни прописи од оваа област кои се на сила во Република Северна Македонија.

При посетата на www.gematrend.mk, не се врши автоматско прибирање на лични податоци. Истото се случува при доброволно креирање на кориснички профил од страна на посетителот или купувачот. Приниципите наведени во Политиката за приватност се применуваат за заштита на податоците на сите посетители и купувачи на веб страницата www.gematrend.mk. Gema Trend (gematrend.mk) има право да собира, складира, анализира и користи статистички податоци за користењето на веб страницата. Корисникот е одговорен за заштита на доверливоста на неговата лозинка.

КОЛАЧИЊА

Колачињата се мали текстуални датотеки, делови од код, кои можат да се употребуваат од страна на веб-страници со цел да се подобри корисничкото искуство. Колачињата се зачувуваат на вашиот компјутер или мобилен уред кога го посетувате веб сајтот. Кога следен пат ќе го посетите пак истиот сајт, колачињата ни дозволуваат да го препознаеме вашиот пребарувач. Колачињата може да ги зачувуваат вашите преференции и други информации но не можат да читаат ваши податоци или информации од вашиот храд диск или пак да читаат други зачувани фајлови за колачиња од други сајтови.